7.8 C
Скопје
08:26 - 16 октомври, 2026

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Српската пејачка Марија Шерифовиќ отпатувала на Бали, од каде што се огласила на социјалните мрежи и со следбениците ги споделила своето искрено размислување за животот, потребата да држи сè под контрола и одлуката некои работи едноставно да ги пушти.

Пејачката признала дека голем дел од својот живот верувала дека мора однапред да знае што ја чека, да го предвиди секој чекор и секогаш да биде еден чекор понапред.

– Првата половина од мојот живот ја поминав верувајќи дека сè мора да биде под контрола. Дека морам да знам, да предвидам, да бидам чекор понапред… Да ги држам конците во своите раце, дури и кога не беа мои – напишала пејачката.

Како што истакнала, денес сè повеќе сфаќа дека не мора секоја ситуација да биде нејзина грижа, ниту дека таа треба да ја донесува секоја одлука.

– Денес, ми се чини, една од најважните задачи што ги имам пред себе е да научам да пуштам. Не затоа што помалку ми е гајле, туку затоа што конечно разбирам дека не мора сè да биде моја грижа, моја одлука, моја одговорност – навела Марија.

Пејачката потоа истакнала дека учи дека не мора секогаш да има одговор на сè, ниту да ги разбира, спасува или насочува другите луѓе.

– Луѓето имаат право на свои избори, свои грешки, свои патишта. Исто како што и јас имам право на свои – порачала Шерифовиќ.

Пејачката открила и што сака да промени во втората половина од својот живот.

– И затоа би сакала во оваа втора половина од мојот живот да набљудувам и слушам што е можно повеќе, а помалку да зборувам и водам. Да научам да бидам присутна без да управувам. Да сакам без да стискам. Да верувам, дури и кога не знам што следи – заклучила пејачката.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 16 октомври: Избегнувајте импулсивни одлуки

apostolova

Сосед од Сплит откри детали за домот на Грашо и Хана: „Се прашувам што воопшто јадат“

Еспресо

(Фото) „Умрев и се родив повторно“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се искачија на врвот на вулкан на Бали

Еспресо

Весна Змијанац откри дека има додворувач кој се обидува да ѝ го освои срцето: „Една година е постар од мене“

Еспресо

(Фото) Натали Грубовиќ има нов повод за славење — поранешната водителка магистрираше на Економскиот факултет во Скопје

К.С.

(Фото) По 17 години повторно на истото место: Виктор Живојиновиќ и Лепа Брена ја повторија фотографијата од неговото детство

Еспресо
Се вчитува....