7.8 C
Скопје
08:26 - 16 октомври, 2026

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

Смртта на основачот и креативен мозок на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, донесе комплетна трансформација и големи организациски рокади во оваа музичка куќа. Пред почетокот на новата сезона од „Ѕвездите на Гранд“, по 12 години од стручното жири се повлече Ана Бекута, додека директорската позиција ја презеде Горан Шљивиќ, а шоуто го промени и каналот на емитување.

Неговата сопруга, пејачката Сузана Јовановиќ, во емотивна исповед за емисијата „Премијера викенд специјал“ отворено зборуваше за разочарувањето од луѓето кои се оддалечиле од нивното семејство по смртта на нејзиниот сопруг:

„Сале многу ги сакаше луѓето и им веруваше премногу, за разлика од мене. Тој го расфрлаше својот труд и работа на луѓе кои тоа не го заслужија. Телефон повеќе не ѕвони, луѓето се оддалечуваат. Сале им беше единствено потребен, јас очигледно не. Од луѓето повеќе ништо не очекувам за да не се разочарувам. Јас не бев на чело на империјата, но делев сè со него и знам многу нешта — можеби еден ден ќе напишам и книга за сè тоа“.

Сузана додаде дека и покрај сите промени, духовно се чувствува исполнета и им посакува сè најдобро дури и на оние кои во неа гледаат некаков противник, нагласувајќи дека останува скромна и посветена на своето семејство.

Слични објави

Дневен хороскоп за 16 октомври: Избегнувајте импулсивни одлуки

apostolova

Сосед од Сплит откри детали за домот на Грашо и Хана: „Се прашувам што воопшто јадат“

Еспресо

(Фото) „Умрев и се родив повторно“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се искачија на врвот на вулкан на Бали

Еспресо

Весна Змијанац откри дека има додворувач кој се обидува да ѝ го освои срцето: „Една година е постар од мене“

Еспресо

(Фото) Натали Грубовиќ има нов повод за славење — поранешната водителка магистрираше на Економскиот факултет во Скопје

К.С.

(Фото) По 17 години повторно на истото место: Виктор Живојиновиќ и Лепа Брена ја повторија фотографијата од неговото детство

Еспресо
Се вчитува....