5.8 C
Скопје
05:07 - 1 април, 2026

(ФОТО)БЕЛА ХАДИД РАСПЛАКАНА: Супермоделот се отвори за своите несигурности

Супермоделот Бела Хадид(25) објави неколку фотографии на кои плаче со цел да ги потсети своите следбеници дека социјалните мрежи не се вистинскиот живот.

„За секој што се бори, ве молим запомнете го тоа. Понекогаш сè што треба да слушнете е дека не сте сами“, напиша таа во долгиот натпис. „Значи, од мене до вас, вие не сте сами. Ве сакам, Ве гледам и Ве слушам“.

Бела продолжи, кажувајќи им на обожавателите дека менталното здравје и хемиската нерамнотежа не се „линеарни“, споредувајќи ги со тобоган со „подеми и падови“.

„Секогаш има светлина на крајот од тунелот, а тобоганот секогаш целосно застанува во одреден момент…[но] станува сè подобрo“, продолжи таа.

Хадид, исто така, напиша дека имала доволно „нервни сломови“ и „состојби на премор“ и за да знае дека „ако работите доволно напорно на себе, поминувајќи време сами за да ги разберете вашите трауми, предизвикувачи, радости и рутина, секогаш ќе можете да разберете или да научите повеќе за сопствената болка и како да се справите со неа. Што е сè што можете да побарате од себе“.

Ѕвездата ја заврши својата објава заблагодарувајќи им се на обожавателите што ја сослушаа како ја споделува нејзината вистина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tuğba (@stilokyanusu)

Бела Хадид во минатото беше отворена за борбата со тешка депресија и анксиозност уште од тинејџерските години. Таа е ќерка на моделот Јоланда Хадид и сестра на супермоделот Џиџи Хадид. Бела отсекогаш била под огромен притисок да изгледа на одреден начин, кој очигледно влијаел врз нејзиниот развој како личност.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....