14:01 - 27 ноември, 2026

(Фото + видео) Вака изгледаше гламурозната куќна слава во домот на Брена и Боба: Меѓу гостите бил и патријархот Порфириј

Семејството Живојиновиќ ја прослави куќната слава посветена на Свети Архангел Михаил, а атмосферата од тоа ја споделија на социјалните мрежи.

Патријархот Порфириј го посетил домот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

Виктор Живојиновиќ ја искористил приликата да се фотографира со патријархот, а како што можете да видите на фотографијата и двајцата биле многу расположени и насмеани.

Инаку, домот на Живојиновиќ бил полн со гости, меѓу кои и бројни познати личности, како Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ, Ацо Пејовиќ и неговата сопруга, Жика Јакшиќ, Сања Ѓорѓевиќ и многу други.

На прославата присуствувал и Драган Стојковиќ Пикси, а помладиот син на Лепа Брена, Виктор, ја искористи приликата јавно да му се заблагодари што по 24 години успеал да ја одведе српската репрезентација на Европското фудбалско првенство.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....