20:39 - 22 февруари, 2026

ФОТО: Вереницата на Кристијано Роналдо има згодна сестра која дури сега и ја откри на јавноста

Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез одлучи да ја покаже својата постара сестра, споделувајќи заедничка фотографија на Инстаграм…

На Инстаграм профилот на Георгина Родригез се појави една од ретките фотографии на која таа е со близок член од нејзиното семејство.

За животот на младата Георгина не се познати многу нешта, познато е само дека таа по потекло е од Аргентина, дека се занимавала со балет и дека нејзиното семејство се преселило во Мадрид. Таму Георгина пронашла работа во дизајнерската продавница на „Gucci“ и своите танцувачки способности ги оставила на страна. Токму на тоа работно место и се случи и судбинската средба со Роналдо со кој веќе неколку години се заедно.

Овој пат Георгина реши да ја покаже својата постара сестра, Ивана Родригез, така што сподели нивна заедничка фотографија, но на Инстаграм профилот на Ивана дојдовме до уште неколку интересни фотографии.

Ивана е исто така згодна девојка, има 30-години и е лудо заљубена во својот партнер Карлос Гарсија.

Иако јавноста досега не беше запознаена со нејзината сестра, изгледа дека Ивана и Георгина се многу блиски, па не не зачуди фактот што заедно ги поминуваат празниците. Ивана, освен со Георгина, е блиска и со својата внука Алана Мартина, но и со Кристијано Роналдо и неговите други деца, како и со неговото семејство.

На јавно достапниот профил на Ивана може да се забележи дека таа е исто така згодна девојка како својата сестра, а и нивниот моден вкус е сличен. И двете сакаат дизајнерски парчиња облека со кои го нагласуваат својот сексапил.

Слични објави

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ се омажи во тајност: „Ме чекаше 15 години, но вредеше“

Еспресо

„Ќе му ги скршам двете нозе“: Десингерица шокираше со изјавата среде шоуто „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

(Фото) Далеку од очите на јавноста: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ заминаа од Србија, еве каде уживаат

Еспресо

Здравко Чолиќ поминал два часа во полиција, еве што раскажал за бомбашкиот напад врз неговиот дом

Еспресо

(Фото) Синот на Кеба заљубен „до уши“, новата девојка јавно му призна љубов на Игор Којиќ

Еспресо

Хороскоп за 22 феврури: Вагите ги очекува убав љубовен ден, Водолиите ќе имаат многу обврски

Еспресо
Се вчитува....