3.8 C
Скопје
02:06 - 28 март, 2026

(ФОТО) УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЧАСОВИ со ПРОГРАМА ЗА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА КАНЈЕ ВЕСТ: Програмата ќе биде наменета за студенти по уметност

канје вест ковид вакцина

Универзитетот Конкордија во Монтреал на студентите ќе им понуди курс инспириран од раперот Канје Вест, а веста уште порано ја објави професорот Јасин „Нарси“ Алсалман.

„Јас ќе бидам првиот што ќе предава за Канје Вест на универзитетско ниво, фала му на Бога. Сакам да им донесам нешто ново и свежо на студентите. Ова е можност да донесам повеќе неверојатни гости на универзитетот и да зборуваме за светот преку очи на еден од највлијателните уметници на нашата генерација“, напишал професорот објавувајќи ја програмата на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IRAQAFELLA (@narcynarce)

Алсалман вели дека класата не е само за светски познатиот рапер.

„Се работи за заедница, креативност, одговорност, слава и ментално здравје, соништа и кошмари – и уште поважно, самоактуелизација“, објаснува професорот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IRAQAFELLA (@narcynarce)

Според неговата најава, курсот ќе ги анализира уметноста, дизајнот, музиката, славниот живот и културните влијанија на Канје во информатичката ера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by yefanatics 🕊 #FreeYe (@yefanatics)

„Користејќи ги албумите на Канје како културни, уметнички и лични погледи; овој час ќе ја проучува еволуцијата на неговата генијалност и ќе го истражува концептот на „дисонанцата на Канје“ – уникатната, сложена и контроверзна природа и контекст на работата и влијанието на Канје“, се вели во објавата.

Курсот ќе биде достапен за ограничен број студенти по уметност.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....