14:42 - 27 ноември, 2026

(Фото) Сенида ѝ го честиташе 100. роденден на баба ѝ: „Ти си моето малечко!“

Пејачката Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенида, може да се пофали дека има долговечен предок и покрај тоа што го изгубила својот татко на рана возраст, а мајка и малку подоцна.

Нејзината баба наполни 100 години, што секако е посебна причина за славење.

Сенида за социјалната мрежа Инстаграм се фотографирала со својата сакана баба и по тој повод испратила емотивни зборови.

„Таа не е момент, моментите се таа! Среќен 100-ти роденден нано, ти сепак си моето малечко“, напиша Сенида.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Senidah (@senida_h)


Нејзината баба позираше со марама на главата, а нејзините светло сини очи и очигледната виталност привлекоа големо внимание.

Коментарите под објавата само постојано доаѓаа, а некои од нив беа: „Нека живее и е здрава уште 100 години“, „Убава и прекрасно“, „Нема ништо поубаво и поскапо“, „Среќен роденден на нана, има прекрасна внука“, како и многу други кои и посакуваат среќен роденден на бабата на пејачката.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....