23:56 - 6 ноември, 2026

(Фото) Се појавија стари фотографии од Сенида — пејачката изгледала сосема поинаку пред естетските корекции

Сенида повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради музиката, туку поради фотографии од минатото што се проширија на социјалните мрежи.

По трите распродадени концерти во белградскиот Сава центар, на мрежата Икс почна да кружи фотографија од 2011 година, на која пејачката изгледа значително поразлично од денес.

Корисниците масовно коментираат дека тешко би ја препознале, бидејќи низ годините целосно го променила имиџот.


Сенида денес е препознатлива по впечатливиот стил, гламурозните модни изданија и модерниот звук, а фановите забележаа дека порано имала потемна коса, поприроден изглед на усните и поинакви црти на лицето.

На социјалните мрежи веќе подолго време кружат шпекулации дека пејачката направила одредени естетски корекции, најчесто на усните и јагодиците, но таа никогаш јавно не ги коментирала ваквите тврдења.

Ова не е првпат старите фотографии на Сенида да предизвикаат лавина реакции. Таа своевремено и самата објави фотографија од плажа стара повеќе од две децении, по што следбениците повторно пишуваа дека денес изгледа непрепознатливо.

По успешните концерти во Белград, пејачката изјави дека неизмерно уживала во настапите.

„Не знам која вечер ми беше подобра. Денеска сум само малку тажна, бидејќи утре нема ништо, задутре нема ништо. Навистина прекрасно си поминав“, изјавила Сенида.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....