17:30 - 6 ноември, 2026

(Фото) Уникатен подарок: Дац и Александар ја изненадија Маја Панчева за нејзиниот роденден

Познатото музичко дуо Драган Спасов – Дац и Александар Митевски на уникатен начин ја изненадија Маја Гроздановска-Панчева за нејзиниот роденден.

Тие уште еднаш докажаа дека се мајстори за правење незаборавна атмосфера, но и за вистински пријателски изненадувања. Изминатиов викенд, во текот на нивниот заеднички настап, во центарот на вниманието се најде шармантната пејачка, која го прослави својот роденден на сцената.

Додека микрофоните беа „жешки“, а публиката уживаше во македонските рефрени, Дац и Александар приредија неочекуван пресврт. На сцената беше внесена специјална роденденска торта со запалени свеќички, што кај Маја предизвика огромна насмевка и емоции.

Фото/Инстаграм

Она што на сите им падна во очи и стана главен хит е дизајнот на тортата. Имено, тортата беше во облик на фудбалска топка, што е очигледна и симпатична „провокација“ и посвета на нејзиниот сопруг, македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. Славеничката со задоволство ја прифати оваа фудбалска шега додека колегите ѝ ја пееја роденденската песна. На видеото кое го објави Дац, со нив е и пејачката Билјана Ѓошева.

Фото/Инстаграм

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....