22:35 - 6 ноември, 2026

Карлеуша без милост за новата девојка на Душко Тошиќ: „Бледа копија на оригиналот“

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Јелена Карлеуша кратко, но остро ја искоментира новата љубовна врска на својот поранешен сопруг Душко Тошиќ, откако во српските медиуми се појавија детали за неговата врска со Нора.

Според пишувањата, новата избраничка на Тошиќ со години била голем фан на Карлеуша, а на социјалните мрежи дури се тврди дека своевремено администрирала фан-страница посветена на пејачката.

Извор близок до Нора за српските медиуми изјавил дека таа со години го следела стилот, настапите и изгледот на Јелена.

„Опседната беше со неа, со нејзиниот изглед и песни. Одеше на сите настапи во Белград и со текот на времето почна да го копира нејзиниот стил, фризури и шминка. Но тоа е само бледа копија на оригиналот“, тврди изворот.

Истите извори наведуваат дека Душко бил привлечен токму од тоа што Нора физички потсетува на неговата поранешна сопруга.


Кога новинарите побарале коментар од Карлеуша за новата врска на Тошиќ, таа кратко одговорила:

„После сè што направи, тој повеќе нема ниту еден мој коментар во животот.“

Во меѓувреме, Тошиќ потврди дека повторно е среќен во љубовта.

„Точно е. Во среќна врска сум и задоволен сум“, изјавил поранешниот фудбалер.

Според српските медиуми, двојката се труди врската да ја држи далеку од очите на јавноста, иако во последно време често се појавуваат заедно низ Белград.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....