11.8 C
Скопје
20:53 - 17 октомври, 2026

Раскинување или маркетиншки трик? Сара Јо и Жига направија хаос на мрежите, неговиот потег ги остави фановите без зборови

Сара Јо и словенечкиот кореограф и танчер Жига Сотлар повторно се во центарот на вниманието поради шпекулациите дека ставиле крај на својата долгогодишна врска.

Иако ниту еден од нив официјално не се огласил, корисниците на социјалните мрежи забележаа дека Жига ја отследил Сара Јо на Инстаграм и го избришал нејзиното име од описот на својот профил, каде претходно стоела меѓу изведувачите со кои соработува.

Од друга страна, пејачката сè уште го следи поранешниот партнер, па многумина се прашуваат дали и таа наскоро ќе го направи истиот потег.

Дополнителни сомнежи предизвика и фактот што парот веќе подолго време не објавува заеднички фотографии, а голем дел од нивните стари објави се избришани од профилите.

Фото: Скриншот

Последните траги од нивната врска на Инстаграмот на Сара датираат од 2025 година, додека Жига претходно ги отстранил речиси сите заеднички фотографии, оставајќи само дел од професионалните соработки.

Српските медиуми во меѓувреме пишуваат дека Сара веќе била видена во белградски локал во блиска атмосфера со младо момче, што дополнително ги поттикна приказните за раскин.

Љубовната приказна на Сара Јо и Жига Сотлар започна во 2021 година, откако прво комуницирале преку социјалните мрежи, а подоцна се запознале и во живо во Будва.

Пејачката своевремено откри дека уште при првата средба ја освоиле неговата енергија и зрелост, а подоцна нивната професионална соработка прераснала во љубовна врска.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....