23:34 - 6 ноември, 2026

(Фото) Тарик и Лејла Филиповиќ емотивно го испратија синот Арман на матура

Популарниот актер од Босна и Херцеговина, Тарик Филиповиќ, заедно со својата сопруга, претприемачката Лејла Филиповиќ, го испратија својот син Арман на матурска вечер, што привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Лејла сподели емотивна објава во која ја опиша вечерта како посебен момент исполнет со гордост и емоции. Таа истакна дека гледањето на своето дете како влегува во ново животно поглавје носи мешавина од радост и носталгија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Filipović (@lejla.filipovic)

„Арманова матурска вечер. ‘Зар веќе?’ – се прашуваш во различни фази од растењето на своите и на сите други деца… Гледаш прекрасна младост, свечено облечена, на уште еден нов пат во нивните животи… И твојот насмеан Арман меѓу сите тие прекрасни насмевки… Гордост, среќа, лесна тага… Те сакаат мама и тато“, напиша Лејла во описот на фотографиите.

На фотографиите, семејството позира насмеано, а објавата предизвика бројни реакции и честитки од следбениците, кои му посакаа многу среќа на младиот матурант.

„Времето лета, честитки на родителите за овој млад убав дечко“, „Браво за матурантот“, „Искрени честитки за младиот господин, многу среќа и успех понатаму“, беа дел од коментарите. Честитка упати и пејачката Северина, која напиша: „Честитки на младиот господин и гордите родители“.

Арман е роден во 2008 година, а Лејла од претходен брак го има и синот Дино. Тарик Филиповиќ во претходни интервјуа нагласувал дека најважни вредности што сака да им ги пренесе на своите деца се човечноста, чесноста и почитта кон другите.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....