3.8 C
Скопје
01:24 - 21 декември, 2024

(Фото) Роберт Де Ниро игра оро во Белград: „Сакав да видам како пулсира животот тука“

Роберт де Ниро на 80 години стана татко по седми пат со својата партнерка Тифани Чен (45), а моментно е актуелно неговото судење со поранешната асистентка во федералниот суд во Њујорк. Животот на познатиот актер во деветтата деценија е турбулентен. Кога во 1976 година бил во Белград на Фест за да го промовира својот филм, сигурно немал поим како ќе изгледа неговата иднина и старост.

Благодарение на престижниот меѓународен филмски фестивал ФЕСТ, Де Ниро двапати гостувал во Белград во втората половина на седумдесеттите. Во една прилика го промовираше класикот „Кум 2“, а вториот пат дојде за исто така култната продукција на „Њујорк, Њујорк“.

Долго време се зборуваше дека воодушевен од добрата атмосфера, се фатил за оро пред новинарите и фоторепортерите во свечената сала на хотелот „Метропол“. Потоа откри дека Југославија ја запознал уште како студент и дека ги посетувал овие краишта со желба да види како се живее во социјализмот, пишува „Профил“. Со група студенти прво заминал во Грција, а потоа продолжил на север. Низ Србија патувал со автостоп.

„Немав пари, па стопирав камиони на авпат. Сакав да стигнам до Белград. Камионџија ме однесе до главниот плоштад во Ниш и ме остави таму. Врнеше, се стемнуваше и се најдов себеси сам во непознат град среде ноќ. Сепак сакав да почувствувам како пулсира животот во Ниш. Не се чувствував поразличен од светот околу мене. Фармерки, маица, ранец на грб, малку пари во џеб…“

Де Ниро застанувал луѓе по улиците надевајќи се дека некој ќе го разбере, ама малкумина знаеле англиски.

„Еден минувач ми рече – О, јес – и мене ми олесна. Му реков дека барам преноќиште, но тоа да не биде хотел. Сакам да видам како се живее кај вас. А во хотели спијат странци. Тој ми одговори – океј – и ме повика да дојдам со него“, се сеќава Де Ниро.

„Ме однесе во некоја мала уличка, стигнавме до зграда, во сосема обичен стан. Се појави неговата жени и двете деца, поспани, самошто станати од кревет. “Ова е мојот стан, ова е мојата жена и деца. Можете да преспиете кај нас, ќе најдеме нешто да јадете“. Веројатно на моето лице прочита комбинација од задоволство и изненадување“.

„Сакавте да видите како живееме. Ако ви одговара, ви посакуваме добредојде“.

„Бев трогнат. Не очекував дека потполни странци ќе ме прифатат така. Човекот ми рече дека можам да се чувствувам како дома“ – рече актерот своевремено во едно интервју.

Како што пишуваа југословенските медиуми, со објавените фотографии, Роберт Де Ниро во 1976 година во Домот на синдикати во Белград заиграл оро.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....