13:17 - 15 јануари, 2026

(ФОТО) ПРВАТА ДАМА НА СПОРТОТ: Георгина Родригез – партнерката на Роналдо и нивната приказна

Шпанската божица и прва дама на спортот, Георгина Родригез има класична приказна со мотивот: од просјак, до крал и поради тоа постојано ги освојува срцата на јавноста. Нејзината убавина и харизма го освоија и Кристијано Роналдо, еден од најпосакуваните и привлечни мажи на планетата земја. Ова е нејзината приказна.

Кратка биографија

Георгина Родригез пораснала во Јака, град во североисточна Шпанија и дел од провинцијата Хуеска, во близина на Пиринеите. Таа е родена од мајка Шпанка и татко Аргентинец. Татко ѝ е осуден шверцер на кокаин по име Хорхе Родригез (71), кој поминал десет години во затвор. Таа научила танц пред да ја промени кариерата во манекенство откако студирала англиски јазик во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Љубов на прв поглед

27-годишната Георгина првпат беше забележана на низа состаноци со тогашната суперѕвезда на Реал Мадрид, Роналдо кон крајот на 2016 година. Таа тврди дека нејзината прва средба со фудбалската ѕвезда била „љубов на прв поглед“.

„Нашиот прв состанок беше во Гучи, каде работев како продавач“, изјави еднаш во интервју за „Сан“.

„Денови подоцна, повторно се видовме на настан на друг бренд.Тогаш можевме да разговараме во опуштена атмосфера, надвор од мојата работна средина. Тоа беше љубов на прв поглед и за двајцата“.

Роналдо, Георгина и јавноста

Вестите за нејзината врска со фудбалерот почнаа да се појавуваат во ноември 2016 година, кога беа фатени како шетаат рака под рака низ Дизниленд во Париз и јавно ја покажаа својата наклонетост еден кон друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Раѓањето на нивната ќерка

Георгина ја роди ќерката Алана Мартина на 12 ноември 2017 година, а Роналдо објави слика на Инстаграм, пишувајќи: „Алана Мартина штотуку е родена! И на Гео и на Алана им оди одлично! Сите сме многу среќни!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Сега парот чека близнаци, чиј пол штотуку го открија на јавноста.

(ВИДЕО) КАДЕ ЖИВОТОТ ЗАПОЧНУВА: Георгина и Кристијано го окрија полот на близначињата

Слични објави

(Фото) Трудница цела од злато: Милица Тодоровиќ пред породувањето направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Тереза Кесовија официјално ја завршува кариерата: Ова ѝ е желбата пред да го остави микрофонот

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Емина Јаховиќ, синовите ѝ приредија роденденско изненадување

Еспресо

Данијела Мартиновиќ по болното раскинување со Петар Грашо: „Мајка ѝ на Хана ја доживував како своја“

Еспресо

Откако се испокараа „за сите пари“: Ана Николиќ и Рале повторно се смирија, а композиторот конечно проговори

Еспресо

Дневен хороскоп за 15 јануари: Идеален ден за преземање иницијатива

apostolova
Се вчитува....