14:26 - 8 ноември, 2026

(Фото) Прекрасен гест: Осамна мурал со ликот на Ѓорѓи Колозов во едно скопско кафуле

Актерот Ѓорѓи Колозов остави вечна и неизбришлива трага во македонската кинематографија, а неговиот телевизиски проект „Македонски народни приказни“ беше серијал со кој пораснаа многу генерации. Тој беше моќен цар, мудар селанец, алчен чорбаџија и ред други ликови, со кои неретко нè смееше и растажуваше, но и нè учеше на бројни мудрости.

Иако поминаа 21 година од неговата смрт, Колозов и ден-денес е сакан и почитуван од македонската јавност. Сепак, неговата ќерка Катерина Колозова вели дека е разочарувачки што државата досега не му посветила некакво споменик на видно место.

Но, неодамна се појави мурал на оградата на едно скопско кафуле, гест кој многумина го поздравија со позитивни коментари.

„Ако државата не му изгради споменик, народот му гради паметници. Овде се, секако, исклучок муралот поддржан од Министерство за култура и гестот на Град Скопје под раководство на Шилегов да крсти улица со неговото име – за тоа сме многу благодарни. Инаку ова е некое кафуле во близина на Соборна црква…“, напиша ќерката на Колозов на својот фејсбук-профил.


По дипломирањето, Колозов бил во постојан работен однос во Македонскиот народен театар. Неговата популарност беше резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска телевизикса серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирките народни приказни издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓија Пулевски и други.

Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците. При Драмата на Македонскиот народен театар тој оствари позначајни улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.

Колозов настапи и во повеќе играни филмови, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање“ и други.

Слични објави

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.
Се вчитува....