16:38 - 13 ноември, 2026

„К-15“ се враќа на малите екрани? Поминаа 30 години од првата сезона!

Хумористичната емисија „К-15“, кој е значаен дел од македонската поп-култура, наскоро ќе се врати на малите екрани?

Ова е прашање кое многумина си го поставија денеска, откако Бранко Огњановски (Миле Паника) објави фотографија на својот инстаграм-профил, со која најави дека популарната тројка се враќа по повод 30-годишнината од првата сезона на „К-15“.

„Официјално: ‘К-15’ се враќа! Следете нè за повеќе инфо наскоро“, напиша тој на својот инстаграм-профил.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Да потсетиме, првата епизода на „К-15“ беше емитувана на 23 ноември 1994 година. Духовитите фрази и конверзации на ликовите Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки бргу станаа дел од популарната култура кај нас, а кратките хумористично-сатирични скечови беа најгледаната програма во сабота навечер.

Создавачите на емисијата, Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо „Бубо“ Каров, ја забавуваа телевизиската публика, но и упатуваа силна социјална, политичка и економска критика, особено за нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите и табу-темите.

„К-15“ се емитуваше на повеќе македонски телевизии, меѓу кои А1, Сител, Канал 5, МТВ и Алфа.

Последната епизода беше емитувана на 23 март 2013 година.

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....