02:53 - 4 ноември, 2026

(Фото) Длабоко деколте и светкав мини фустан: Жежок танц на Сузана Гавазова

Сузана Гавазова уште еднаш ги испровоцираа фановите со новата објава на Инстаграм, со која докажа дека е една од најзгодните и најекстравагантните пејачки на македонската фолк-сцена.

Популарната струмичанка уште еднаш ги помати умовите на своите следбеници, споделувајќи жешко видео на социјалните мрежи кое никого не остави рамнодушен.

Гавазова позираше во ултра-краток, светкав тесен фустан во темносина нијанса кој совршено ги истакнува нејзините облини. Но, она што секогаш привлекува внимание на фотографиите и видеата е нејзиното деколте.

Фолкерката со широка насмевка на лицето ги покажа и своите препознатливи тетоважи на рамото, а во позадина на видеото е песната од Нучи, „Loro Piana“.

Познато е дека Сузана посветува огромно внимание на својот изглед и редовно тренира, па затоа не е изненадување што изгледа како вистинска „бомба“ на која можат да ѝ позавидат и многу помлади колешки.

Фото/Инстаграм

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....