05:59 - 7 ноември, 2026

(ФОТО) ПОВОД ЗА СЛАВЕЊЕ во домот на ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦ: Актерот на социјалните мрежи сподели фотографија со својата сакана!

Драган Спасов – Дац, актер кој има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти. Во неговото семејство се нижи веќе третата генерација актери од неговиот татко Стево Спасовски, преку него и денес неговите синови. Се надеваме дека оваа низа ќе продолжи.


Прекарот Дац потекнува од негова соученичка од основно училиште и од тогаш останале да го користат неговите пријатели, познаници, па дури и јавноста го знае повеќе како Дац отколку како Драган. Единствено, неговата мајка го нарекувала Данчо и Драганчо, но не и Дац, изјави во едно интервју актерот.

Денес во домот на актерот има повод за славење. Неговата сакана, Весна Терзиевска, слави јубилеен, 50- ти роденден, а по тој Дац и посвети објава на социјални мрежи.


Среќен роденден девојче мое! Продолжи да бидеш таква каква што си и продолжи да сакаш онака како што само ти умееш…Барем уште 100 години! – напиша Дац во објавата споделувајќи фотографија на која ја бакнува својата сакана.

Весна по повод својот 50-ти роденден исто така се огласи на социјалните мрежи:

„Најлошото нешто во врска со роденденот е тоа што бројот на свеќи постојано расте, а тортата станува сè помала. Среќен ми 50ти роденден!“ – напиша Весна.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....