13.8 C
Скопје
08:58 - 17 мај, 2024

Познат доктор за пениси сподели совети за зголемување на машкиот полов орган, но и откри: „Тоа е најголемиот што сум го видел“

Хирург специјалист за зафати на пениси зборуваше за просечната големина на машкиот полов орган и најголемиот што некогаш го видел.

Д-р Едвард Цимерман ја отстрани стигмата околу големината на пенисот преку објавување на поучни снимки на неговиот профил на Тикток за да ги убеди мажите дека просечната должина е помала отколку што мислат.

Големината на пенисот може да биде непријатна тема кај мажите, но овој естетски хирург отворено зборува на таа тема споделувајќи ја својата работа на интернет.
Едвард Цимерман стекна речиси два милиони следбеници на неговиот профил на Тикток, каде што под името „dickdocontiktok“ ги споделува своите искуства како естетски хирург специјализиран за зафати на пенисот.

Во интервју за Vice, во нивната серија од 10 прашања, лекарот одговори на некои вообичаени прашања за хирургијата на пенисот.

Во текот на последната деценија, видовме големи, мали, долги, тенки, дебели, кратки, со големи глави, со мали глави, пениси со различни димензии. Мислам дека опсегот на нормалата е навистина голем, што е смирувачки факт за многу мажи“, рече тој.

Едвард објаснува дека, иако е општо прифатено дека пенисите треба да бидат долги 15 до 20 сантиметри, нивната просечната големина кога не се во ерекција е само околу 10 сантиметри.

Меѓутоа, во врска со прашањето колкав е најголемиот пенис што некогаш го видел, хирургот открил дека неговата големина е многу поголема од просечната.

Веројатно најголемиот е долг околу 21 см, а тоа е многу“, рече тој.

Како да се зголеми пенисот?

Едвард истакнува дека без операција не може многу да се направи околу големината на пенисот бидејќи тоа е генетска особина одредена според растот уште во матката.

Но, еден од најдобрите медицински совети за мажите кои сакаат да ја зголемат нивната машкост е да ги намалат мастите.

Ние како популација стануваме се потешки, па пенисите се кријат како желки во онаа вреќа со маснотии што ја опкружува основата на пенисот“, објаснува тој и сугерира дека отстранувањето на тие маснотии преку вежбање или подобрена исхрана би можело да додаде дури еден сантиметар на природниот изглед на гениталиите.

И покрај овој разумен совет, Едвард не можеше да одолее, а да не сподели една приказна за маж што решил да и се одмазди на својата сопруга откако открил дека го изневерува.

Покрај тоа што ѝ ги остави работите пред врата и ѝ кажа дека мора да замине, тој реши да си го разубави телото за одмазда. Му ставивме 100 милилитри од неговите маснотии во пенисот, тоа беше импресивно“, изјави докторот за Daily Star.

@dickdocontiktok

Measuring a pickle. #maleenhancement #happenis #girth #pickle

♬ original sound – Dr. Edward Zimmerman

Слични објави

Астропрогноза за петок, 17 мај: Неочекувани средби за близнаците, непријатни озборувања за водолиите

еспресо

Универзумот ќе ги погали: Три хороскопски знаци ќе имаат среќа до крајот на мај

еспресо

Љубовната приказна на Бејби Лазања е како модерна бајка: „Мислев дека никогаш нема да ми се јави“

еспресо

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо

„Тоа не се мали пари…“: Се огласи директорот на хрватската болница во која Бејби Лазања сака да донира пари

Еспресо

„Од каде ѝ стан во Врачар, тоа е мое“: Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек најави дека ќе му дојде на врата со полиција

Еспресо
Се вчитува....