16.8 C
Скопје
10:46 - 17 мај, 2024

(ФОТО) Ова е најскапиот фустан на Оскарите на сите времиња, чини четири милиони долари

На доделувањето на Оскарите во 2013 година Џенифер Лоренс го носеше најскапиот фустан што некогаш се носел на овој настан. Истата година Лоренс беше заштитно лице на луксузната француска куќа „Диор“, па не е чудно што избра токму нивна креација за еден од најважните моменти во животот.
Во незаборавниот фустан вреден четири милиони долари Џенифер Лоренс отелотвори драматичен и софистициран гламур.

Instagram

Нежната розова боја, неупадливиот накит и собраната коса беа совршен рецепт за елегантен изглед кој модните критичари го сметаат за еден од најдобрите на сите времиња.

Фустанот за „Диор“ го дизајнираше Раф Сајмонс кој во таа прилика изјави дека со него ја заокружил колекцијата од таа сезона. Лоренс подоцна кажа дека само еднаш го пробала фустанот и тоа било тоа. Таа додаде дека избегнувала впечатливи модни додатоци за фустанот да остане во преден план.

Instagram

Оскарите во 2013 година ќе останат запаметени по најскапото модно издание, но и по несреќата што ја имаше Џенифер кога се заплетка во прекрасното широко здолниште и падна на скалите додека го земаше Оскарот за најдобра женска улога во филмот „Во добро и зло“.

Некои сметаат дека токму овој пад ја подигнал вредноста на фустанот поради дополнителното емитување на незгодниот момент.

Instagram

Без оглед на несреќата, успешната соработка меѓу Диор и Џенифер Лоренс резултираше со тригодишен договор вреден 15 милиони долари, според кој Џенифер на црвениот тепих можеше да носи само „Диор“.

Втора на листата на најскапи фустани се најде Никол Кидман која носеше креација од истиот дизајнер во 1997 година. Нејзиниот жолт фустан инспириран од кинескиот традиционален крој чинеше два милиони долари. За тоа време, ова беше значително отстапување од „нормите“ на облекување за престижната филмска награда и засекогаш го промени текот на модата на оскарите.

Нејзиниот фустан доби позитивни и негативни критики. Во 1990-тите, многумина го сметаа за неконвенционален, додека жолтата боја, свилата, обележјата на некоја друга култура и вртоглавата цена го ставија на листата на највлијателни фустани на сите времиња.

Третиот најскап фустан на доделувањата на Оскар, вреден 250.000 долари, го носеше Кејт Бланшет во 2007 година. Тесниот металик фустан ги воодушеви критичарите. Бланшет тогаш беше номинирана за најдобра споредна женска улога во „Белешки за скандал“. Фустанот беше дизајниран од модната куќа Армани и украсен со кристали Сваровски.

Слични објави

(Фото) Џенифер Лопез ги разгоре гласините за развод: „Не можеш да бидеш во здрава врска со некој кој не е во контакт со самиот себе“

еспресо

(Видео) Нова страшна ситуација за Никола Роквиќ: „Се борев за живот“

еспресо

Астропрогноза за петок, 17 мај: Неочекувани средби за близнаците, непријатни озборувања за водолиите

еспресо

Универзумот ќе ги погали: Три хороскопски знаци ќе имаат среќа до крајот на мај

еспресо

Љубовната приказна на Бејби Лазања е како модерна бајка: „Мислев дека никогаш нема да ми се јави“

еспресо

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо
Се вчитува....