16:36 - 7 ноември, 2026

(Фото) Љупка Митрова горда на својата ќерка — Елена матурираше, дизајнерката сподели фотографии од свечениот ден

Македонската модна дизајнерка Љупка Митрова, која стои зад брендот „Митроф“, деновиве има убав семеен повод за славење – нејзината постара ќерка Елена го заврши средното образование.

Семејството присуствуваше на свеченото доделување на дипломите, а Митрова дел од емотивните моменти сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/Љупка Митрова

Елена го заврши средното образование во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица, а свеченоста беше одбележана во препознатлив матурски дух. Матурантите носеа тоги во впечатлива циклама боја и традиционални матурски капи, кои на крајот заеднички ги фрлија во воздух.

Фото: Инстаграм/Љупка Митрова

За важниот ден, Елена избра долг фустан во нежна розова нијанса, надополнет со жолто-златни чипкани детали. Елегантното издание беше соодветно за свечениот повод, а фотографиите од прославата ја доловија и семејната атмосфера.

Фото: Фејсбук/Љупка Митрова

На објавените фотографии се гледаат и заедничките моменти на Елена со нејзината сестра Сандра, како и со останатите членови на семејството и блиските пријатели кои беа дел од прославата.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....