5.8 C
Скопје
01:40 - 1 април, 2026

(ФОТО) ЛИНДА ЕВАНГЕЛИСТА НЕ СЕ КРИЕ ВЕЌЕ: По козметичките третмани што ја осакатија, повторно на насловна

Линда Еванџелиста

Пред пет години, светските медиуми почнаа да пишуваат дека некогаш еден од најплатените модели на 90-тите, легендарната Линда Евангелиста, со канадско потекло, е речиси непрепознатлива. Сиве овие години, таа молчеше, криејќи од јавноста што навистина ѝ се случило.

Линда Евангелиста важеше за најубавата жена на светот. Во последните пет години, живее во изолација, а неодамна проговори за третманот што тврди дека ѝ ја уништил животот.

Евангелиста призна дека козметичкиот третман „coolsculpting“ ја оставил трајно деформирана. Во интервју за магазинот „People“, раскажа како тоа влијаело на нејзиниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

„Сакав да бидам на модната писта. Сега се плашам да налетам на некој што го познавам. Не можам повеќе да живеам во срам. Уморна сум од криење. Подготвена сум конечно да проговорам“, рекла Линда истакнувајќи дека три месеци по третманот почнала да забележува испакнатини на брадата, бутовите и пределот околу градите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

„Мислев дека го губам умот. Се обидов сама да го поправам тоа, мислејќи дека правам нешто погрешно. Имаше ситуација кога престанав да јадам, мислев дека го губам умот“, призна таа.

Во јуни 2016 година, поранешниот модел конечно решила да посети лекар кој ѝ рекол дека ниту една диета или вежбање нема да ѝ помогнат.

Ѝ била констатирана парадоксална хиперплазија на масно ткиво, односно ретка нуспојава по третманот во кој процесот на замрзнување предизвикува згуснување и проширување на заболеното масно ткиво. Евангелиста на крајот направила две липосукции, но тврди дека ниту тоа не ѝ помогнало.

„Не се препознавав себеси. Не беше ни малку подобро. Не се гледам во огледало. Отсекогаш знаев дека ќе остарам и знам дека има фази низ кои поминува телото. Но, едноставно не мислев дека ќе изгледам вака. Не се препознавам физички, но веќе не се препознавам ни како личност. Линда Евангелист повеќе не е супермодел“, призна Линда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @michelina2

„Се надевам дека ќе се ослободам од срамот и ќе им помогнам на луѓето кои се во иста ситуација како мене. Тоа е мојата цел. Но, едно знам сигурно – нема да се кријам повеќе“, заклучила таа.

(ФОТО) ЛИНДА ЕВАНГЕЛИСТА СО ЕМОТИВНА ОБЈАВА ЗА СВОЈОТ СИН: Светлината на мојот живот

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....