-1.2 C
Скопје
05:24 - 11 март, 2026

ФОТО: Криси Тајген го покажа телото по загубата на бебето – Жалам што никогаш повеќе нема да бидам мајка

Манекенката Криси Тајген на својот Инстаграм профил објави селфи кое покажува како изгледа нејзиното тело неколку месеци по загубата на третото бебе.

Сопругата на музичарот Џон Леџенд на крајот на септември го изгуби бебето, во петтиот месец од бременоста.

Иако поминаа речиси три месеци, на фотографијата се гледа трудничко стомаче, додека таа позираше во тесен фустан.

„Ова сум јас и моето тело, токму денес. Иако повеќе не сум бремена, секој поглед во огледалото ме потсетува на тоа што можеше да биде. И не знам зошто се уште го имам ова стомаче, искрено. Фрустрирачки е!“, напиша манекенката под фотографијата, и додаде:

„Горда сум на тоа како цело ова патување му отвори на моето тело и мојот ум поинакви видици. Толку ја сакам бременоста и тажна сум што никогаш повеќе нема да бидат бремена, но имам среќа што ги имам двете неверојатни деца кои секој ден се трансформираат во мали луѓе“, заклучи Криси Тајген.

Фото: Инстаграм

Да се потсетиме, Криси и Џон пред три месеци на социјалните мрежи споделија фотографии од болницата и открија дека го изгубиле бебето на кое му го дадоа името Џек.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....