23.8 C
Скопје
20:27 - 7 септември, 2026

(Фото) Копија на мајка ѝ: Катарина Ивановска ужива на семејно летување со ќерка ѝ Кира

Македонската убавица Катарина Ивановска ја отвори летната сезона и ужива на море во друштво на својата петгодишна ќерка Кира, неколку од нејзините најблиски пријателки и нивните деца.

Манекенката сподели неколку фотографии од ова женско патување на својот инстаграм-профил. На нив може да се види како Ивановска чита книга, а ќерка ѝ се забавува на плажа со останатите деца и создава убави спомени.

Според многумина, малечката Кира многу наликува на мајка ѝ и едно е сигурно – нашата најуспешна манекенка дефинитивно ќе има своја наследничка.

Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

Да потсетиме, Катарина Ивановска беше во повеќегодишна врска со партнерот Цобе, со кого доби две деца – синот Вања и ќерката Кира. Во моментов, таа е во љубов со Стефан Ханџиски, директорот на групацијата „АСУРА“.

Во интервју за „Слободен печат“, Ивановска проговори на тема родителство.

„Моите деца не се поинакви од нивните другарчиња. Немам потреба да сум нешто многу строга од проста причина, тие имаат толку многу активности и исполнето време со дружење, она што мене ми останува е многу љубов и одговарање на преку милион прашања дневно. Инаку, моите деца се смируваат веднаш штом и малку се налутам, којзнае колку страшно им изгледам (хахаха). Јас ретко стигнувам до моментот да сум строга, бидејќи сум малку здодевна мајка кога станува збор за вербалното објаснување на работите кои не се коректни во однесувањето“, изјави таа за „Слободен печат“.

Слични објави

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо

По венчавката со Лазар Ристовски, Аница организираше прослава – врескаше од среќа и го покажуваше венчалниот прстен

Еспресо
Се вчитува....