14:10 - 27 ноември, 2026

(Фото) Ана Ивановиќ во минијатурно розово бикини му покажа на Швајнштајгер што изгубил!

Веста дека поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се разведуваат по 9 години брак одекна во српските, но и во светските медиуми.

Ана и Бастијан Швајнштајгер се венчаа на 12 јули 2016 година, а свадбата се одржа во Венеција.

Ана, сега, и покрај турбулентниот период, одлучила летото 2025 година да биде „лето за паметење“, бидејќи секоја нејзина фотографија на Инстаграм воодушевува.

По сите бурни случувања во нејзиниот приватен живот, Ана конечно одлучи да земе малку здив и да отпатува на егзотична дестинација со своите најблиски.

Се чини дека сонцето, песокот и морето многу ѝ годат, а таа го искористила ова време повторно да го пронајде својот внатрешен мир.

„Резиме на викендот – денови на плажа со децата и пријателите“, напишала Ана покрај фотографиите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


Во врска со ова, убавата српска тенисерка објави дел од атмосферата од нејзиниот летен одмор, а ние имавме можност да видиме какви модели на бикини преферира Ана.

И, не бевме разочарани – класичниот крој и розовата боја што совршено одговараат на нејзиното исончано тело се карактеристики на костимот за капење на Ана.

Таа го комплетираше изданието со златни додатоци и, секако, блескава насмевка. Како и многупати досега, таа покажа дека е кралица на ненаметливиот стил, дури и кога станува збор за бикини.

Претходно, Ана објави интересни фотографии на кои носи модерен едноделен црн костим за капење со сребрени детали. Нејзините следбеници не штедеа на убавите и пофалните зборови за нејзиниот изглед и стил.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....