8.8 C
Скопје
11:38 - 1 април, 2026

(Фото) Каролина ужива во волшебната Апулија, дестинација од соништата за љубителите на плажи, свежа риба, добро вино…

Каролина Гочева сподели среќни моменти од своето патување за летниот одмор во еден од најинтересните региони на Италија, Апулија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Пејачката на патувањето е со сопругот – сликарот Михаил Корубин.

Прекрасната област Апулија ја претставува самата „штикла“ на италијанската карта која изгледа на чизма, сместена во јужна Италија, и толку е живописна што изгледа како да е насликана.

До Апулија се стигнува  наједноставно со траект од Драч, или пак со траектот Бар-Бари (Бари е главниот град на Апулија), излегува на две мориња, на Јадранското и Јонското. Целата област е рибарска, па доколку сте како Каролина љубители на свежа риба и морски плодови, совршено маслиново масло, тестенини по домашен рецепт и прекрасно вино, ова е вистинската летна дестинација за вас.

Според „Нешнал Џиографик“ Апулија е на врвот на дестинациите кои треба да се посетат, „Њујорк Поуст“ ја нарекоа „волшебната Апулија“, а „Лонли Планет“ ја ставија на листата на дестинации кои мора да се видат.

Очигледно Каролина има вкус за тоа што е добро.

Уживајте во прекрасната фотогалерија.

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....