16:00 - 1 април, 2026

(Фото) Камин, икони и посебни спомени: Ѕирнете во љубовното гнездо на Милош Биковиќ во кој ќе живее со свршеницата Ивана и синот

Српскиот актер Милош Биковиќ стана татко, а неговата згодна свршеница Ивана Малиќ роди син кој го нарекоа Василије.

Милош се труди да ја задржи приватноста за себе, меѓутоа, во една прилика на својот инстаграм-профил сподели дел од станот во Белград во кој живее со убавата црногорска адвокатка Ивана Малиќ.

Милош Биковиќ пред две години го купил станот во Дорчол, кој наскоро ќе биде гнездо на неговото проширено семејство.

Како што открива фотографијата од семејниот дом, ѕидовите над огништето се украсени со икони, како и портретот на Милош од филмот „Сончаница“, кој му ја отвори вратата на рускиот пазар.

Заедно со нивниот син, новопечените родители наскоро ќе се преселат во својата оаза на мирот.

Како што рече во едно интервју, актерот не планира да ја запостави кариерата во Русија, па со семејството ќе живее на релација Белград- Москва.

– За мене Ивана и семејството значат сидро. Закотвување. Тоа е некако противтежа на сета моја лудост. Во една реченица – заклучил Биковиќ.

Инаку, Милош и Ивана вчера станаа родители по првпат. Ивана се породи во една белградска приватна болница.

 

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....