03:55 - 30 јануари, 2026

ФОТО: Јованка Житарова за Нова година ќе пее, ама дома со најблиските!

Познатата пејачка Јованка Житарова, позната како Јова годинава највеселата ноќ во годината ќе ја помине во кругот на семејството, поточно она што не се случило многу одамна.

Таа вели, ова не значи дека ретко ги посетува нејзините, напротив и мината година со децата Зои и Картер најлудата ноќ ја поминале со нејзините родители, но оваа година плус ќе биде и нејзината сестра со децата.

Јованка Житарова/Инстаграм

– Долги години поминаа како ние четворицата, јас,  сестра ми Никица, мајка ми и татко ми не сме биле заедно за Нова Година. Мислам дека уште од детство тоа не се случило. Јас долги години немав своја забава за Нова Година, туку настапував, ги забавував другите. Потоа со години на овој ден сум славела во Аљаска.  Сестра секако некогаш била со друштво, потоа се омажи и некако мајка ми и татко ми сами си ја чекаа. Е оваа година ќе биде поинаку им многу се радувам. Нашето семејство е на купче како некогаш.  Ова им е чудно и на мајка ми и татко ми и на шега на сестра ми и на мене ни велат- да не беше короната и годинава сите ќе славевме на различни места. Вака короната не само што направи постојано да сме заедно во текот на обичните денови, па и за Нова Година. Мајка ми и татко ми рекоа дека ќе се погрижат за новогодишната трпеза, дека ќе ги направат нашите омилени јадења а јас и сестра ми треба да се погрижиме за расположение. Во нашиот дом одесекогаш се пеело и било весело, па така и оваа година. Тие рекоа дека ќе направат список на песни кои сакаат да им ги отпееме. Додуше јас да им ги отпеам, бидејки сеста ми не е по пеењето, но таа ќе аплаудира. Како што ние пејачите цела година не настапуваме, богами аплаузот ни недостасува, вели Јованка и додава:

– Ова друштво ќе се зголеми за Божик. Тогаш треба да дојдат Зои и Катер и со внук ми Ѓорги и мислам дека ќе го имаме највеселиот Божик.  За тогаш се планира и отварањето на подароците – вели таа.

Јованка Житарова/Инстаграм

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....