3.8 C
Скопје
19:58 - 21 декември, 2024

(Фото) „Излезете од своите граници“: Јелена Спеџарска отиде сама на одмор и вели дека е „искуство кое секој треба да го доживее“

Македонската водителка Јелена Спенџарска беше на летување во Грција, место кое ѝ е втор дом поради љубовта со момчето Лукас.

Малото, но симпатично туристичко гратче Каликратија беше нејзиниот избор за летна дестинација, каде отпатува со семејството – сестра ѝ Викторија и внуките Љубљана и Емона.

Популарната водителка одлучила да остане уште два дополнители дена во ова популарно летувалиште, па сега им откри на своите следбеници какво е чувството да се биде сам на одмор. Според неа, ова е искуство кое секој мора да го доживее.

„Јас веќе се селам во ресорт на вториот крак, каде што бевме со Лукас на одмор во јуни и таму ќе бидам пет дена со другарка, а после тоа, уште неколку дена ќе одиме заедно со Лукас во Ханиоти, во истата вила каде што бевме во мај.

Но, како што спомнав, една од вашите омилени теми се соло патувањата и најчестото прашање: ‘Како да се одлучам да ги спакувам куферите и да заминам некаде сама? Што ќе правам, како ќе се снајдам?’.

Јас многу го практикувам ова. Пред 5-6 години заминав сама на грчки остров и останав 20 дена, пред 2 години отидов во Хрватска и останав скоро месец, а сега 2 дена сама во Каликратија ми се ‘гола вода’.

Ако не знаете од каде да почнете, прво видете каде имате роднини или блиски пријатели кои живеат некаде каде што сакате да одите.

На пример во Хрватска имам братучед на кого очи не му видов, зашто човекот работеше 24/7.

Само ми даде клучеви од станот и ми рече: ‘Ако ти треба нешто, јави ми се’.

Ви треба интернет и убава енергија, што значи дека веќе сте таму и ќе си поминете топ со самите себе.

Фото: Инстаграм/Јелена Спенџарска

Обично, на туристичките места луѓето се толку друштвени и со отворен ум, што ќе се изненадите во каков правец ќе ве однесе животот, само ако го извадите она ограничувачкото од вас – ‘Што ќе кажат луѓето, што ќе кажат моите, леле ако ми се случи нешто, ако ми стават дрога во пијачката, ха, ха’.

Еден ден кулирав на плажа во Сплит, другиот ден се журкав ‘како да нема утре’ во ‘Хула, Хула’ на Хвар со луѓе што ги запознав дента.

Исто и на грчкиот остров, заминав божем да кулирам, наредниот ден бев на брод во Бодрум со средовечен пар од Турција кој го запознав на плажа во Грција – дошле да поминат малку време сами зашто имаа брачни проблеми.

Ден денес комуницираме и ме викаат да им одам на гости.

Многу луѓе од вашата домашна средина ќе ве осудат, ќе ви најдат влакно да ве искоментираат и да направат да се чувствувате лошо, да ви внесат страв, а вистината е дека ‘умираат’ да се на ваше место.

Фото: Инстаграм/Јелена Спенџарска

Тоа ви е една од најголемите кочници, да знаете.

Не му ја мислете толку. Дозволете си да уживате и да излезете од сопствените граници.

Ќе се изненадите колку сте моќни… и среќни! Излезете од Македонија, од Балканот ако сакате, од Европа, не знам јас, вие си знаете каде ве води срцето.

Видете го светот со своите очи, не со очите на другите.

Нека не ве интересира кој што ќе каже, светот и онака е полн со хејтери, вие сакајте, ама почнете од себе.

Исто, многу е важно да бидете комфорни со себе, да знаете како да го поминете времето со себе, како да се разгалите, да си дозволите уживање.

На многу луѓе ова им е претешко (короната ни беше тест) и затоа секогаш бараат некој друг да биде тука со нив, да ги води, да им каже како и каде треба.

Треба да научите како со себе, дури и по цена да не запознаете никој. Земете си книги, списанија, не знам, вие одберете си по ваше.

Уживајте во самотијата, во она што е пред вас, бидете присутни во моментот, сега и тука, ова е вашиот живот и бидете горди на секој чекор кој ве довел до овде.

Уште еднаш ќе кажам – ќе се изненадите колку можете, колку сте способни, колку сте всушност, среќни баш таму кај што сте.

И дека не е така црно како што ви изгледа. Кочниците си ги поставувате само вие и никој друг.

Ви посакувам многу луди авантури, многу незаборавни спомени. Само препуштете му се на моментот, дозволете му да ве води. Го можете тоа“, раскажа Спенџарска.

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....