15.8 C
Скопје
16:46 - 10 март, 2026

(ФОТО) ХАНА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СВАДБАТА СО ГРАШО, А ДАНИЈЕЛА СЛАВИ : Пејачката објави фотографија со човекот кој секогаш бил пред Петар!

Петар Грашо мината година направи голема промена во приватниот живот. По врската од 24 години со Данијела Мартиновиќ, пејачот премина во нова љубовна врска со Хана Хуљиќ, ќерка на неговиот долгогодишен музички соработник Тончи Хулиќ. Петар Грашо и Хана Хуљиќ зафаќаат голем медиумски простор откако нивната љубовна врска се прошири во јавноста.


Додека Хана се подготвува за свадбената прослава, а секако и за приновата која парот ја очекува со особена радост, сплитската пејачка Данијела Мартиновиќ ужива во слободата.

Додека медиумите пишуваат како ќе изгледа венчаницата на Хана, Данијела има прекрасен повод за славење. Пејачката на својот инстаграм – профил сподели фотографија со човекот кој секогаш бил пред Петар и имал посебно место во нејзиното срце.


Данијела со емотивна објава му го честиташе роденденот на својот татко:

„Тато, среќен ти роденден! Мојот татко пред неколку години ми приреди изненадување кое не може да се заборави… Дојде сам, ненајавен и цел ден ме чекаше во публика за да ме чуе, за моето срце да го почувствува неговото додека ја зборувам приказната на својот живот. Ме гушна, видов – горд е, премногу горд – се воздржав од солзи.

Ми рече: Душо, јас веднаш се враќам во Сплит.

– Но, како тато, па полноќ е, уморен си, цел ден си тука, не се зафркавај, преноќи, те молам. А тој ми вели со насмевка, секогаш со насмевка: „ Душо (секогаш така ме вика, кој го ферма името тоа е само симбол), си оди тато, имам утре работа, те видов и те слушнав тоа ми е најважно“.Тоа се вика љубов на дело – за тоа се пишува и прикажува кога се вели дека најубавите нешта немаат цена. Ако некој повторно ме праша: “Кога ти мислиш да пораснеш?“, сега знам – никогаш. Најубаво е да се биде девојченце на својот татко“, заклучи во својата објава сплитската пејачка, постирајќи и прекрасна фотографија.

 

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо
Се вчитува....