04:18 - 25 февруари, 2026

(ФОТО) ГЕОРГИНА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД УЛТРАЗВУК: Коментарот на Роналдо им се допадна на илијадници луѓе

георгина родригез, кристијано роналдо

Светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез минатата недела со јавноста споделија среќни вести дека очекуваат близнаци. Сега, Родригез објави симпатична фотографија од ултразвук.

СРЕЌНА ВЕСТ: Кристијано Рондалдо и Георгина Родригез очекуваат близнаци

„Нестрпливи“, напишала Георгина покрај фотографијата од лекарската ординација на која се гледаат и нивните деца како седат и чекаат да заврши прегледот.

Во лавината коментари под нејзината објава се појави и коментар од Роналдо со емотикон со склопени раце во знак на молитва кој за неколку минути им се допадна на неколку илијадници луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Џорџина и Роналдо минатата недела објавија дека чекаат близнаци.

„ПРЕСРЕЌНИ СМЕ ШТО МОЖЕМЕ ДА ОБЈАВИМЕ ДЕКА ОЧЕКУВАМЕ БЛИЗНАЦИ. НАШИТЕ СРЦА СЕ ПОЛНИ СО ЉУБОВ И ЕДВАЈ ЧЕКАМЕ ДА ВЕ ЗАПОЗНАЕМЕ. БЛАГОСЛОВЕНИ СМЕ“, НАПИША РОНАЛДО во својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Тоа ќе биде петто и шесто дете на славниот фудбалер и втор пар близнаци.

Георгина е мајка на нивната ќерка Алан Мартин која ја роди пред четири години, неколку месеци откако близнаците Ева Марија и Матео Кристијано ги доби од сурогат мајка. Сурогат мајката на Роналдо го роди и неговиот најстар син Кристијано Јуниор, кој има 11 години.

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....