5.8 C
Скопје
02:25 - 1 април, 2026

(Фото) Елеганција и гламур: Македонскиот дизајнер Златко Јовановски ја облече сопственичката на „Сваровски“

Македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски-Џеј Зи Џеј (JZJ) има богато портфоилио со ѕвезди кои со задоволство ги носат неговите креации. Како регионални, така и светски ѕвезди – Ава Макс, Муни Лонг, Кеш Дол и Талија се само дел од нив. Креациите на Златко го привлекоа вниманието и на српската поп дива Јелена Карлеуша, со која дизајнерот досега остварил неколку соработки.

Овој пат, Џеј Зи Џеј објави на инстаграм дека Викторија Сваровски, сопственичка на светски познатиот бренд „Сваровски“ носи негова креација.

„Викторија Сваровски, сопственичката на брендот ‘Сваровски’ носи моја креација. Драги пријатели, што и да напишам, малку е. Само ќе кажам, да работите напорно и да верувате во чуда! Дека чуда се случуваат!“, напиша Златко во една од своите инстаграм-приказни.

„Мојот труд, моето време, мојата енергија да го направам мојот бренд светски! Мојата етикета ја има насекаде низ светот! Среќен сум кога мои креации носат дами кои се убави, успешни и имаат можност да облечат кој било… и тие ме избираат токму мене! Тогаш сум поласкан и почестен!“, додаде талентираниот моден дизајнер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zlatko Jovanovski (@jzj_zlatko_)


„Викторија Сваровски изгледа прекрасно во нејзиниот #jzjkingofsparkle фустан! Те сакаме Викторија!“, напиша Јовановски покрај објавените фотографии од Викторија, облечена во елегантен и гламурозен фустан од него.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....