Свадбата ќе се одржи во Мумбаи викендов, на секој гостин ќе му бидат подарени по 10 илјади долари, а Анант Амбани и неговата невеста ќе променат неколку луксузни модни комбинации.
Веќе неколку недели траат предсвадбените веселби. Прво Ријана настапи на забава во родниот град на Мукеш Амбани, таткото на младоженецот и најбогатиот човек во Индија. А неодамна Џастин Бибер дојде во Индија, секако за да настапи на предсвадбена церемонија. Но, најважната прослава допрва доаѓа, што и да биде, пишува Дејли мејл.
Венчавката на Анант Амбани и Радика Мерчант, вредна 320 милиони долари, ќе содржи ѕвездена листа на гости и подароци вредни по 10 илјади долари за секој гостин. Според гласините, Адел ќе настапи во Мумбаи. Сепак, други извори велат дека и Дрејк ќе ги забавува гостите.
View this post on Instagram
Во петок ќе започне една од најпознатите свадби во светот, на која ќе се прикаже неверојатно богатство и луксуз што ќе ги привлече светските лидери во областа на технологијата, титаните на индустријата, боливудските ѕвезди, поп-ѕвездите и водечките политичари.
За време на тридневната свадба во Мумбаи, Анант Амбани, син на најбогатиот индиски човек Мукеш Амбани, ќе се венча со Радика Мерчант, ќерка на богат фармацевтски магнат.
Според проценките, 67-годишниот милијардер Амбана веќе потрошил околу 130 милиони долари на предсвадбени прослави, а гости како што се Марк Цукербер, Иванка Трамп, Бил Гејтс и Хилари Клинтон веќе ги посетиле предсвадбените забави на неговиот син.
Сепак, сумата што ја платил индискиот милијардер е помалку од половина од вкупниот трошок, кој се проценува на неверојатни 320 милиони долари, а раскошната венчавка во Мумбаи ќе биде последната во низата брилијантни настани организирани од семејството Амбани.
Во март, за време на тридневните предсвадбени прослави во западниот индиски град Џамнагар, Ријана настапи пред гостите. Таа беше платена 5 милиони фунти за настап од 90 минути.
View this post on Instagram
А како подготовка за прославите оваа недела, Амбани, чие богатство се проценува на 100 милијарди фунти, го изнајми луксузниот брод за крстарење Celebrity Ascent за 800 гости, кои отидоа на четиридневно крстарење околу Средоземното Море и уживаа во приватните настапи на ѕвездите како Кети Пери, Питбул и Бекстрит Бојс. Кога Кети го изведе својот хит Firework, на небото се појави спектакуларен огномет.
Деталите за венчавката се чуваат во тајност, но упатен човек веќе изјави дека венчавката ќе биде грандиозна: „Тоа е неверојатна сума, но не се штедеа пари. Ова е свадба како ниедна друга, ќе биде грандиозна како што не може ни да се замисли, и во неа ќе биде собрано и претставено сè што е врвно, најдобро и најмодерно“.
View this post on Instagram
Се претпоставува дека на листата на гости ќе се најдат познати личности од политиката и индустријата, како и боливудските и поп ѕвезди, но и влијателните пријатели на Мукеш Амбани од целиот свет.
Самата свадбена церемонија, која ќе се одржи во согласност со традиционалните хинду ритуали, ќе се одржи во конференцискиот центар Jio World во Мумбаи, кој му припаѓа на таткото на младоженецот и може да прими 16 илјади гости.
Следниот ден, на истото место ќе се одржи традиционалната „церемонија на божествено благословување“ позната како „Шубх Аширвад“, а во недела на истото место ќе се одржи величествен дочек.
View this post on Instagram
Се претпоставува дека свадбената гозба ќе ја подготват околу 100 готвачи.
Датумите на церемониите беа избрани од хинду свештеник во согласност со поволните денови во наталните карти на Анант и Радика. И двајцата имаат 29 години.