13.8 C
Скопје
12:44 - 17 март, 2026

(ФОТО) ЏЕФ БЕЗОС, НАСМЕАН И ВЉУБЕН: Милијардерот заедно со саканата Лорен позираше зелениот тепих на „LACMA Art + Film“

Двојката која ги разби гласините за романтичниот статус на билионерот по неговиот бурен развод сега ја возбудува интернет публиката со јавните појавувања. Но откако минатата недела беше забележан голем прстен на „оној специфичен прст“ на раката на Лорен се покренаа нови гласини – дали двојката наскоро ја очекува официјализирање на врската?! Сепак, Џеф и Лорен според фотографиите од папараците и јавните појавувања уживаат еден покрај друг.

Основачот на „Амазон“  присуствуваше на „LACMA Art + Film“ гала облечен во елегантен смокинг, а неговата гламурозна втора половина, воодушеви во блескав сребрен фустан со отвор во средината.

Милијардерот Џеф Безос во саботата вечер уживаше во ѕвездена свеченост во Лос Анџелес во друштво на својата партнерка Лорен Санчез.

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Парот беше магнет за фоторепортерите, во ултраелегантно издание од глава допетици. Џеф ја држеше раката на половината на Лорен на свеченоста додека дамата уживаше во позирањето.

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Сите погледи беа вперени во Лорен, копретседател на фондацијата Bezos Earth Fund.

Безос и Санчез се појавуваат во исти кругови со години, а се претпоставува дека се заедно од 2016 година кога започнале да поминуваат повеќе време заедно. Близината се интензивира кога Санчез се разделува од нејзиниот сопруг Патрик Бајтсел во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Безос пак се разиде од неговата поранешна сопруга Мекензи Скот по 26 години брак, во развод кој доста бурно помина во јавноста а Мекензи дојде до билионерски суми. Оттогаш Безос се повлече од позицијата извршен директор на „Амазон“ и најави дека сака да патува во вселената. Беше и дел од екипажот на првиот цивилен лет во вселената на неговиот нов проект „Blue Origin“.

Двојката Безос-Санчез е јавно заедно од почетокот на 2019 година по распадот на бракот на Безос, за кој ширеа гласини дека токму аферата со Санчез е причината за разводот.

Слични објави

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin
Се вчитува....