2.8 C
Скопје
19:54 - 22 февруари, 2025

ФОТО: Дали шокантната фризура на принцезата Шарлин е последица на нова кралска афера?

Познатата дизајнерка Коко Шанел изјави во една прилика дека жената која ја крати својата коса сака промена во животот. Изгледа дека тоа е точно кога станува збор за „најтажната принцеза во светот“.

Кралското семејство од Монако е соочено со еден од најголемите скандали кои ја обележаа изминатава година, а сето тоа се одвива пред очите на јавноста.

Фото: ERIC GAILLARD / EPA;

Принцезата Шарлин, која е омажена за принцот Алберт, лидерот на Монако, пред неколку недели ја покажа својата шокантна, нова фризура, на која никој не остана рамнодушен. Таа избричи еден дел од својата глава, а многумина веруваат дека причината за тоа е неодамнешната тужба за татковство поднесена на адресата на 62-годишниот принц Алберт.

Фото: ERIC GAILLARD / EPA;

Имено, една жена од Бразил тврди дека тој е таткото на нејзината 15-годишна ќерка. Девојчето е родено во 2005 година, откако принцот Алберт започнал да се забавува со Шарлин (42).

Принцот веќе има две вонбрачни деца кои се родени пред тој да ја запознае својата идна сопруга, протестант која поради бракот морала да прејде во римокатоличката вера.

Фото: Профимедиа

Сепак, последната тужба сигурно ја погодила принцезата, чија кралска романса е далеку од бајка, пишува сајтот „Ecr.co.za“. Неколку дена пред нивната венчавка во јули во 2011 година започнаа да кружат гласини дека Шарлин се обидела да побегне од Монако и тоа не еднаш, туку трипати.

Кога таа се обидела да избега, медиумите пишуваа дека таа се предомислува околу венчавката и дека причината за тоа е неверство и дека Алберт станал татко и на трето вонбрачно дете.

Фото: VALERY HACHE / EPA;

Откако конечно се омажи за Алберт и во солзи ја помина целата церемонија, таа наводно се згрозила и кога принцот Алберт тргнал да ја бакне.     View this post on Instagram           

Сепак, Шарлин негира дека нејзиниот брак е во проблеми. Принцезата во понеделникот на Инстаграм сподели семејни фотографии, на кои се таа и Алберт насмеани заедно со своите близнаци Габриела и Жак.

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....