17:59 - 6 ноември, 2026

ФОТО: Британскиот мачор во чизми: Дејвид Бекам носи 5 броја поголеми oбувки!

Британската модна дизајнерка Викторија Бекам (46) се пошегува на сметка на својот сопруг Дејвид Бекам (45) затоа што носел чизми кои се пет броја поголемини од неговиот број на чевли и се фотографираше со него.

Имено, Викторија објави многу интересна фотографија со сопругот Дејвид на социјалните мрежи, што предизвика лавина коментари од нивните обожаватели и стана вирална.

Instagram
Instagram

Фановите цело време се шегуваа на сметката на Дејвид со коментари под фотографијата, на која тој носи големи чизми, а потоа им се придружи и Викторија, која не беше имуна на шегата.

– Дејвид, се јави Голијат, тој сака да му ги вратиш неговите џиновски чизми, беа дел од коментарите на фановите кога фотографијата беше објавена на социјалните мрежи.

Од друга страна, имаше и такви кои беа загрижени затоа што Викторија изгледа како да „нема стапала“ или носи детски број на чевли поради долгите фармерки.

Викторија го спореди сопругот со Гастон од „Убавицата и ѕверот“, а сите нејзини следбеници се пошегуваа со оваа фотографија на свој начин.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....