12:36 - 7 ноември, 2026

(Фото) Браќата од „Некст тајм“ наполнија 40 години — малата Лиана остана будна до полноќ за да слави со тато

Близнаците Стефан и Мартин Филиповски од „Некст тајм“ го прославија својот јубилеен 40. роденден, а по убавиот повод споделија дел од семејната атмосфера и со своите следбеници на социјалните мрежи.

Особено слатка била полноќната прослава во домот на Мартин. Неговата ќеркичка Лиана останала будна за заедно со татко ѝ да ги дувне роденденските свеќички.

На тортата, украсена специјално за јубилејот, пишувало: „Среќен 40-ти роденден, тато“.


Фотографии од прославата објавија и Мартин и неговата сопруга Андреа, а на нив се гледаат семејните моменти со малата Лиана. Дел од роденденот Мартин го поминал и со својата мајка Сузана.

Андреа сподели и симпатично видео од Лиана, која срамежливо му пее роденденска песна на својот чичко Стефан.

Фото: Скриншот

По повод заедничкиот роденден, Стефан и Мартин им се обратија на своите следбеници со порака во која се осврнаа на семејството, музиката и публиката што ги следи низ годините.

„Денеска го славиме нашиот 40-ти роденден.

Се чувствуваме благословени што имаме можност да го живееме животот онака како што сакаме – здрави, живи и опкружени со семејство кое секогаш нè поддржува, како и со публика која секојдневно ни дава шанса да уживаме во нашата работа и пасија, а тоа е музиката.

Би посакале сите да бидеме здрави, живи и среќни, да го цениме и уживаме во она што ни го нуди животот.

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна!“, напишаа браќата од „Некст тајм“.


Честитки за нивниот јубилеј пристигнаа и од бројни пријатели и обожаватели, а браќата не ја пропуштија можноста роденденот да си го честитаат и меѓусебно.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....