04:08 - 7 ноември, 2026

Алка Вуица ужива во улогата на баба: „Ни донесе среќа во нашето уметничко семејство“

Хрватската пејачка Алка Вуица неодамна стана баба, а на социјалните мрежи се пофали со фотографии со својот внук Иван Лав Нарон, кој наполни два месеци.

Вуица објави серија фотографии на кои го храни својот внук, а на кои се гледаат и нејзиниот син Аријан и неговата сопруга Дора Шитум.

„На денешен ден пред два месеци, со Божји благослов, мојот прв внук Лав Иван Нарон дојде на овој свет“, напиша Алка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)

Таа додаде дека малиот донел благослов, мир и среќа во нивното уметничко семејство.

„Те сакаме до небото и те заштитуваме со сета наша сила“, рече пејачката, додавајќи: „Твојата баба Алкони те сака“.

Да потсетиме дека мајката на момчето – уметницата Дора Шитум – претходно го откри значењето на неговото име.

„Се вика Лав, а средното име му е Нарон, по градот Нарона, или денешен Вид во близина на Метковиќ. Дедото на Аријан е од Метковиќ. Ни беше важно името да биде различно и посебно, а сепак да има традиционална врска со нашето семејство“, продолжи таа.

Потоа објасни зошто Лав: „Симболот на крилестиот лав на Свети Марко е честа појава во нашата Далмација, па затоа нашиот Лав е вистински лав од Нарона.“

Во интервјуа за хрватските медиуми, Алка претходно откри дека била вклучена во изборот на името на бебето, иако конечната одлука им ја препуштила на родителите.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....