13.8 C
Скопје
16:38 - 17 октомври, 2026

Сергеј Варошлија отворено за нарушените односи со Лила Филиповска: „Не сакам да имам негативен електрицитет кон никого“

Лила Филиповска и Сергеј Варошлија важеа за многу блиски пријатели и често можеа да се видат заедно на јавни настани, патувања и приватни дружби. Уште во 2016 година нивната блискост ја покажуваа и преку социјалните мрежи, кога Варошлија шеговито напиша дека се во „бесконечна љубовна врска“, а Лила нивната дружба ја опиша како „приказна која не завршува“.

За прекинот на нивното пријателство Варошлија јавно зборуваше во 2023 година. Тогаш рече дека повеќе не е во никаков однос со Лила и тврдеше дека неколку месеци по случувањата поврзани со Бојан Јовановски таа го блокирала на телефон и ги избришала нивните заеднички фотографии од Инстаграм. Варошлија тогаш раскажа и дека подоцна случајно се сретнале во скопска Лептокарија, но нивната комуникација не била обновена.

Сега, години подоцна, Варошлија вели дека му е жал поради нарушените односи, а со убави спомени се навраќа на хуморот на Лила и времето кога биле блиски пријатели.

Во разговор со Стефанатор во емисијата „Полиграф“, Варошлија одговараше на прашања за личност со која повеќе не е во контакт, а станува збор за Лила.

На прашањето дали му е криво што повеќе не е во контакт со неа, Варошлија рече дека не жали за прекинот на дружбата, но дека му е жал што меѓу нив останале нарушени односи.

„Не. Криво ми е поради нарушени односи. Непотребно. Јас не сакам нарушени односи. Јас не сум конфликтен, не сакам да се карам, јас не сакам да се објаснувам, јас не сакам да имам негативен електрицитет спрема никого. Меѓутоа толку било кажано или пишано“, вели Варошлија.

Лила Филиповска и Сергеј Варошлија / Фото: Инстаграм/Сергеј Варошлија

Кога Стефанатор го праша за нивната некогашна дружба, Сергеј со насмевка се присети на карактерот на Лила и на моментите што ги поминувале заедно.

„Ох, да. Знаеш, ова е многу смешно. Мислам, таа е една од најсмешните луѓе што јас во живот имам сретнато и секогаш сум ѝ велел: ‘Да си здрава и жива’. И денес сакам да мислам исто, да е здрава и уште сто години, баш заради тоа што успеала да ме насмее на смешен начин по сто пати на ден. Дури сега ми е смешно“, раскажа Варошлија.

 

Лила Филиповска и Сергеј Варошлија / Фото: Инстаграм/Сергеј Варошлија

 

 

Слични објави

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.
Се вчитува....