13.8 C
Скопје
16:38 - 17 октомври, 2026

Ќерките на Јелена Карлеуша плачеле поради преселбата на Атина: „Многу се плашам, првите недели ќе бидам со неа во Милано“

Постарата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, наскоро се сели во Милано, каде што ќе студира моден менаџмент. Заминувањето од семејниот дом предизвикало многу емоции кај семејството, а пејачката откри дека Атина и нејзината помлада сестра Ника плачеле поради разделбата.

Карлеуша претходно најави дека ќе отпатува со Атина во Италија и ќе остане со неа додека не се приспособи на новиот живот. Сега откри дека на патувањето ќе им се придружи и Ника.

„Ќе одам со неа додека малку не се смири ситуацијата. Синоќа плачеше, а плачеше и Ника, така што морам и неа да ја земам. Првите неколку недели ќе бидеме таму со неа“, изјави Карлеуша пред снимањето на „Ѕвездите на Пинк“.

Пејачката призна дека заминувањето на нејзината постара ќерка во друга земја ѝ предизвикува загриженост.

„Многу се плашам“, рече таа, зборувајќи за безбедноста на Атина и за своите стравови поврзани со нејзиното самостојно живеење во Милано.

„Атина е сосема поинаква од мене“

Иако разделбата ѝ паѓа тешко, Карлеуша верува дека Милано е вистинското место за Атина да го развива својот интерес кон модата.

„Атина веќе е многу талентирана за мода, веќе почна да ги коментира стајлинзите. Има многу добар вкус и мислам дека сето тоа допрва ќе се искристализира во Милано. Таа е сосема поинаква од мене, сведена е, класична и, зошто да не, малку и мама да се угледа на неа“, изјави пејачката.

Атина ќе студира моден менаџмент, а нејзините родители веќе се вклучени во подготовките за новото животно поглавје. Душко Тошиќ претходно отпатува со неа во Милано за да ѝ помогне околу изборот на стан, додека Карлеуша ќе биде покрај неа во првите недели од студирањето.

Така, барем на почетокот, Атина нема сама да се соочи со големата промена – со неа во Милано ќе бидат и мајка ѝ и сестра ѝ Ника.

Слични објави

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.
Се вчитува....