03:38 - 7 ноември, 2026

(Фото) Анета Љумакоска му посвети емотивни зборови на сопругот: „Мојата љубов и мојата најголема сигурност“

Македонската фолк-пејачка Анета Љумакоска одбележа убав повод во семејството – роденденот на нејзиниот сопруг Рубин.

По тој повод, таа објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм, придружена со емотивна честитка во која проговори за нивната љубов и за значењето што тој го има во нејзиниот живот.

Во пораката, Љумакоска истакна дека среќата ја пронаоѓа токму во малите нешта и во секојдневните моменти што ги поминуваат заедно.

„Среќен роденден на мојот човек, мојата љубов и мојата најголема сигурност. Со тебе сфатив дека најубавото во животот не се големите работи, туку оние мали моменти што ги делиме само ние. Поглед, прегратка, смеа, едно „тука сум“ кога најмногу треба.

Ти посакувам здравје, среќа и многу убави години пред нас. А јас само сакам да бидам покрај тебе и да ги доживееме сите заедно. Те сакам повеќе отколку што можам да кажам со зборови. Среќен роденден, љубов“, напиша Анета.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Анета и Рубин годинава направија нов чекор во нивната љубовна приказна. Во мај тие официјално стапија во брак пред матичар, а пејачката оттогаш споделува дел од заедничките моменти со своите следбеници на социјалните мрежи.

Овојпат повод за една од тие објави беше роденденот на Рубин, за кој Анета јавно му упати љубовни желби и му порача дека сака сите идни убави моменти да ги доживеат заедно.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....