17:43 - 6 ноември, 2026

По летото во Македонија, Маријана Новачевска ужива во најслатката прегратка на внуката Ева

Маријана Новачевска, која по летниот престој во Македонија повторно се врати во Австралија, сподели нова фотографија со својата внука Ева. На фотографијата бабата и внуката позираат прегрнати и насмеани, а Маријана токму оваа семејна фотографија ја избра и за своја профилна фотографија на Фејсбук.

May be an image of baby
Facebook/Marijana Novacevska

Ева е ќерка на синот на Маријана, Филип и неговата сопруга Анастасиа. Маријана стана баба за првпат на Велигден во 2020 година, кога Ева се роди во Мелбурн.

Маријана повеќе од три децении живее во Австралија, а летово по тригодишна пауза дојде во Македонија и остана речиси три месеци. Престојот го одбележа и нејзиното музичко враќање со сестрата близначка Росана Сариќ-Тодоровска.

По повеќе од три децении, Маријана и Росана повторно снимија нова песна заедно. Со Драган Спасов-Дац и Александар Митевски ја снимија „Засекогаш млади“, за која беше снимен и видеоспот во Скопје и Куманово. Автор на музиката е Митевски, а во проектот учествуваа и Огнен Неделковски како текстописец и Дарко Димитров како продуцент.

„Да ми кажеше некој дека на 61 година пак ќе запеам со сестра ми и ќе се удираме со колички во лунапарк, немаше да поверувам. Живејте го животот, зашто нема реприза“, рече Маријана по снимањето на спотот.

На почетокот на септември таа се врати во Австралија, велејќи дека речиси тримесечниот престој во Македонија го поминала прекрасно, со многу дружба, шеги, насмевки и песна.

Маријана и Росана се меѓу препознатливите тандеми на македонската сцена, а нивните песни, меѓу кои и „Признавам“, станаа евергрини во македонската забавна музика. Маријана од бракот со починатиот композитор Тоде Новачевски ги има синот Филип и ќерката Магдалена.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....