8.8 C
Скопје
18:12 - 31 март, 2026

За Стивен Кинг не е битна расната разноликост: Славниот писател вербално нападнат на социјалните мрежи

Еден од најславните писатели на денешницата, Стивен Кинг, кој воедно е и член на Американската академија за филмска уметност, изјави дека при неговото гласање за номинациите за наградата Оскар, не се водел според расната или половата припадност на режисерите и актерите.

– Кога гласам како член на Академијата, половата и расната разноликост воопшто не ми се битни, туку единствено размислувам за уметноста. Признавам само квалитет. Сметам дека секој друг начин би бил погрешен – изјави некрунисаниот автор на хорори.
Кинг има право да гласа во три категории за филмската награда, за Најдобар филм, Најдобро оригинално сценарио и Најдобро адаптирано сценарио. Иако многумина се сложија со неговата констатација, која тој ја образложи на Твитер, сепак не беше мал бројот на оние кои не се согласија со неговото мислење.

Во САД се води мошне жива дебата за тоа дали на Оскарите им се дава предност на белите актери и режисери, на сметка на претставниците на малцинствата и жените. За таа цел од оваа година во Академијата се вклучени голем број нови членови, кои се земени токму од малцинските етнички групи, но и покрај тоа во номинациите за Оскар, доминираат белците.

– За мене не е битно потеклото на авторот, мене ме интересира само филмот – повтори Кинг, прашан од медиумите за тоа како се чувствува по нападите на „интернет-активистите“.

Инаку, неговите книги уште еднаш се покажаа како одлична инспирација за филмската и телевизиската продукција. Неговиот бестселер „Аутсајдер“ ја раскажува приказната за еден полицаец кој го истражува убиството на 11-годишно дете и токму тоа е и дејствието на новоснимената ТВ серија.

Оваа криминалистичка хорор-серија го следи полицискиот детектив Ралф Андерсен при истрагата за убиството на 11-годишното момче Френки Петерсон, чие осакатено тело било пронајдено во шумите во Џорџија. Мистериозните околности околу ова злосторство го тераат Ралф, кој сè уште ја оплакува смртта на својот син, во истрагата да ја вклучи необичната приватна детективка Холи Гибни, во надеж дека нејзините натприродни способности ќе го објаснат она што не може да се објасни.

Бен Менделсон го глуми детективот Ралф Андерсон, а Синтија Ериво е во улога на Холи Гибни. Покрај нив ќе глуми Бил Кемп како Хауи Саломон, Мер Винингем како сопругата на Ралф, Џини Андерсон и други познати имиња.

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....