23:12 - 2 април, 2026

Тарантино објави војна против Марвел и останати филмски франшизи!

Квентин Тарантино, чиј филм „Once Upon A Time In Hollywood“ беше номиниран во 10 категории за престижната награда Оскар, во едно големо интервју за порталот Deadline се позанимавал и со темата која ја одбележа минатата година, а тоа е прашањето дали може филмовите на компанијата Марвел да се сметаат за филмска уметност или не. За Тарантино нема дилема, минатата година се водеше војна за филмовите, односно војна против филмови како што се „Avengers: Endgame“ и „Star Wars“.

View this post on Instagram

Fuck you.

A post shared by Quentin Tarantino (@tarantinoxx) on

Генерално, Тарантино смета дека филмските франшизи се спротивност од оние филмови кои тој ги прави. „Колку што гледам, комерцијални производи во сопствеништво на конгломерати, проекти за кои сите се знаат, без разлика дали збориме за Marvel Comics, Star Wars, Godzilla и James Bond, никогаш немале подобра година од 2019. Тоа требаше да биде годината во која би била потврдена нивната светска доминација. Но, некако не беше“, рекол Тарантино. Тој тврди дека „Се појавија многу оргинални филмови кои требаше да се видат во кината. Поради тоа минатата година филмски беше толку јака. Горд сум на своите номинации како и номинациите на другите филмови. Мислам дека минатата година, кога ќе ја сумираме, ја одбележаа филмови кои не спаѓаат во блокбастери“.

View this post on Instagram

?️

A post shared by Quentin Tarantino (@tarantinoxx) on

Затоа тој вели дека неговиот филм „Once Upon A Time In Hollywood“ е исклучително важен, бидејќи се борел против успесите на Марвел. „Ова беше интересна година. Требаше да се бори против филмови како што се „Avengers: Endgame“ поради кои неколку месеци пред и потоа не можеше да се зборува за ништо друго. Истото се обидоа да го направат со последниот филм од франшизата „Star Wars“ и не сум сигурен дека успеаа во тоа“.

View this post on Instagram

I try.

A post shared by Quentin Tarantino (@tarantinoxx) on

Со овие изјави Тарантино се приближи кон размислувањето на режисерот Мартин Скорзе кои рекол дека филмовите на Марвел не се филмска уметност во што го подржаа режисери како што се Франсис Форд Копола и Кен Лоах.

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....