Родителите имаат многу работа, а децата сакаат постојано да се надвор и за нив тешко доаѓа карантинот. Но, за да се зштити нивното, вашето и здравјето на другите, карантинот е задолжителен, но не мора да биде ниту досаден.
Особено доколку одберете филмови кои не само што ќе ги забавуваат децата, туку и ќе ги научат на вистинските вредности. Од најновите анимирани остварувања до класици, оваа листа можеби ќе ви помогне.
„Christoper Robin“
Доколку сакате вашето дете да научи нешто за вистинското пријателство и неговите вредности, пуштете му го овој филм.
„The Secret Life Of Pets 2“
Омиленото анимирано кутре Макс е спремно за нови предизвици. Погледнете низ какви се авантури поминува тој со своите пријатели и насмејте се до солзи.
„Benji“
Нетфликс направи римејк на филмскиот класик „Benji“ од 1974 година и одлучи ова симпатично куче да го прикаже во потполно поинакво светло.
„The Little Prince“
Малиот принц е филм кој го обожаваат и децата, но и родителите. Работата на филмот е сместена во модерна доба.
„Tinkerbell and the Pirate Fairy“
Во ова анимирано остварување, добрата вила по име Зарина станува лоша и се придружува на пиратите. За да ја спасат Зарина, Ѕвончица и нејзините пријатели тргнуваат во епска авантура!
„Peter Rabbit“
Омилената детска книга за зајакот Петар, претворена е во модерна филмска приказна.
„The Pursuit of Happyness“
Овој филм е инспириран од вистинити случувања. Спаѓа во еден од оние филмови кои секој мора да ги погледне барем еднаш во животот.
„Tintin“
Оваа интересна 3Д авантура е режирана од страна на Стивен Спилберг. Приказната настана како комплексен спој од 3 стрипа за Тинтин.
„Free Willy“
Филмот претставува приказна за 12-годишно момче кое станува пријател со китот од забавниот воден парк.
„The Amazing Panda Adventure“
10-годишниот Рајан Тајлер за време на летниот одмор заминува во Кина да го посети својот татко Мајкл, зоолог кој работи на проект за зачувување на популацијата на пандите, која се наоѓа во огромна опасност од изумирање.
„Matilda“
Матилда е мило и интелегентно девојче за разлика од својот размазен брат. Кога родителите ќе ја пратат во училиште кое го управува најлошата директорка што постоела, нејзиното детство се наоѓа пред најголемиот предизвик.
„The Parent Trap“
Во летниот камп 11-годишната Хали Паркер се сретнува со Ани Џејмс, која па… изгледа исто како неа. Нема да помине многу време додека тие двете сфатат дека се всушност близначки кои биле раздвоени.
„See Spot Run“
Комедијата од 2001 година зборува за поштар кој од улица ќе купи булмастиф, мислејќи дека станува збор за куче-скитник.