Еден холивудски уметник започна интересен проект. Ако некогаш сте се прашувале како вашите омилени познати личности изгледале во минатото, сега на еден профил на Инстаграм можете да патувате низ времето и да ги погледнете споредбите од „некогаш и сега“.
Профилот на Ард Гелник на Инстаграм содржи фотографии, преку кои овој уметник, со помош на Фотошоп спојува стари и нови слики од познати личности, покажувајќи на тој начин колку тие се промениле.
Додека некои промени се неверојатни, на лицата на поединечни познати личности нема да забележите како времето влијаело на нив, како што е случај кај актерката Џенифер Анистон, најпозната по својата легендарна улога на Рејчел од славната серија „Пријатели“.
Се чини дека прекрасната Анистон воопшто не се променила во изминатите 20 години!
Актерот Силвестер Сталоне на оваа фотографија толкува две верзии од својот познат лик Роки, помеѓу кои се поминати дури 44 години.
Пред да се ожени со адвокатката за човекови права, Џорџ Клуни, беше најпосакуваниот ерген, а судејќи по оваа фотографија, таа титула воопшто не изненадува.
Иако сега нејзиниот настап со пејачката Шакира на полуфиналето на Супербоул е на удар на критичарите, 50-годишната Џенифер Лопез, покажува дека времето не и може ништо.
Кијану Ривс не е познат само по своите актерски способности, туку и по репутацијата да не старее. Толку слабо покажува знаци на стареење, што на интернет секогаш се прават шеги за тоа дека тој е „бесмртен вампир“ и дека е стар повеќе од пет века.
Водителката Опра Винфри исто така не покажува знаци на стареење, а на фотографијата можеме да видиме дека отсекогаш ги следи трендовите кога се прашање фризурите.