7.8 C
Скопје
21:34 - 31 март, 2026

Џенифер Лопез „се отвори“ во емисијата на Опра Винфри: Помалку сум разочарана што не бев номинирана за Оскар!

По неколку месеци приказни и промоции поврзани за филмот „Hustlers“, Џенифер Лопез изјави дека е помалку разочарана бидејќи не беше номинирана за Оскар за својата улога во ова остварување, пренесува магазинот „Пипл“.

Оваа 50-годишна ѕвезда својот став на оваа тема го изнесе за време на гостувањето во емисијата на славната Опра Винфри во саботата навечер.

Добив многу пофалби за улогата во тој филм. Вусшност, многу повеќе од кога било досега. Потоа ги читав текстовите и размислував: О Боже, зарем ова навистина се случува? Сепак, и покрај пофалбите не бев номинирана за Оскар, па тоа беше помалку разочарувачки за мене – изјави познатата актерка и пејачка.

Лопез, која за улогата на стриптизерка во „Hustlers“ доби неколку други важни номинации, како онаа на Златните глобуси, објасни дека се чувствува како да ги разочарала луѓето кои ја следат нејзината работа во текот на изминатите години.

Но, тоа не е така. Немој така да зборуваш – гласеше кратката реплика на Опра Винфри, на што Лопез и објасни дека сепак еден период чувствувала разочараност, иако подоцна сфатила дека не и е потребна уште една награда за да се почувствува дека вреди. 

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....