Во прашање е фотографија кога Емили имала само 14 години и со тоа нагласила уште еднаш дека нејзиното тело е природно.
Познатата манекенка Емили Ратајковски често сака да позира во бикини, а таквите фотографии по правило ги објавува на својот профил на Инстаграм.
Нејзината најнова фотка исто така привлече внимание во јавноста. Во прашање е фотографија кога Емили имала само 14 години и со тоа нагласила уште еднаш дека нејзиното тело е природно.
– Започнав на луѓето да им покажувам фотографија на која имав 14 години за да докажам дека моето тело е природно. Сега сум тажна дека воопшто постои таа фотографија. Бев само дете на оваа фотка и сакав тогаш светот да ме охрабри да бидам нешто повеќе од тело. За среќа, откривав делови на себе кои се многу поважни од сексуалноста, но ако некоја 14. годишна девојка го чита ова, нека не се грижи. Само читај повеќе книги и знај дека она што го гледаш на Инстаграм е само мал дел – напишала Емили.