2.8 C
Скопје
20:51 - 18 февруари, 2026

„ЕЛКО, ЕЛКО, ПОРАСНИ УШТЕ ДВЕ-ТРИ ПЕДИ“: Дац нè потсети на овој детски евергин напишан во педесетите години од минатиот век

Драган Спасов – Дац, актер кој има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти. Во неговото семејство се нижи веќе третата генерација актери од неговиот татко Стево Спасовски, преку него и денес неговите синови. Се надеваме дека оваа низа ќе продолжи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dac & Aleksandar (@dac.aleksandar)

Покрај бројните уоги, уживаме во музиката која ја создава заедно со неговиот соработник и пријател, а притоа наш познат пејач, композитор и продуцент, Александар Митевски.

На Дац и Александар им успева да нè расположат, па дури и да нè натераат да запееме и кога не ни е до песна. За време на пандемијата се обидоа да нè расположат барем за момент со нивните пандемиски – хитови.

Овој пат, претпразнично по песната со Александар „Душа бакшиш“ актерот нè потсети на една песна која е многу актуелна во овој период, можеби непозната за новите генерации или подзаборевана за постарите.

Се сеќавате на детскиот евергрин „Елко, елко“, ќе ве потсетиме и малку на стиховите… „Среде соба високо, елката ни стои и ја красат играчки во илјада бои. Елко, елко, порасни уште две-три педи за да може Дедо Мраз дарови да реди“…


Веруваме дека веќе ја потпевнувате, а околу приказната за оваа легендарна песна Дац напиша прекрасна објава на својот фејсбук – профил.

Ако случајно не сте знаеле… Песната „Елко елко“ е напишана во педесетите години од минатиот век. Авторот на музиката е Тодор Скаловски а текстот е на Србо Ивановски. Ваква песна во денешно време не е можно да се напише, од многу проста причина. Времето е друго, елките се други, луѓето се друѓи. За мене тоа е некое безгрижно време во кое јас бев дете, па можеби затоа секое нејзино слушање ми буди емоции и ми го дразни сетилото за мирис… па чувствувам, мандарини, смола, убави парфеми и шишарки. Очите ми ги полни со сите бои кои тогаш-некогаш за прв пат сум ги видел. За сетилото за слух веќе кажав… Жал за младост? Најверојатно, да! Па и време ми е… сеќавања на некое време кое не може да се врати. Тука е играчката, вчера што ја сонив…“, стои во описот на емотивната објава на актерот со која разнежни многу генерации.

Слични објави

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо
Се вчитува....