6.8 C
Скопје
21:01 - 26 октомври, 2026

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

Македонската водителка Елена Стојановска со сопругот позира пред познатиот натпис Hollywood во Лос Анџелес, Калифорнија.

Македонската телевизиска водителка Елена Стојановска, позната по своите појавувања во утринската програма на телевизија „Сител“, отпатува во Соединетите Американски Држави.

Заедно со својот сопруг, таа ужива во убавините на сончевата Калифорнија, а дел од патувањето го сподели со следбениците на социјалните мрежи.

На фотографиите што ги објави може да се забележи дека двојката го посетила Лос Анџелес, градот кој е нераскинливо поврзан со светската филмска индустрија. Елена не ја пропуштила можноста да позира пред препознатливиот натпис „Hollywood“, една од најпознатите знаменитости во Калифорнија.


Водителката прошетала и по славниот Булевар на славните, каде што се наоѓаат ѕвездите посветени на истакнати личности и остварувања од забавната индустрија. Меѓу нив, нејзиното внимание го привлекла и ѕвездата посветена на „Снежана и седумте џуџиња“, познатиот анимиран филм на „Дизни“.

Покрај посетата на холивудските знаменитости, Елена и нејзиниот сопруг уживале и во поинаквата страна на Калифорнија. На фотографиите се забележуваат живописни канали, високи палми и дрвени мостови, кои создаваат сосема поинаква атмосфера од раздвижените улици на Лос Анџелес.

Слични објави

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо
Се вчитува....